Некогашниот македонски судија, а сега делегат, Драган Начевски, ќе го има и третиот мандат како претседател на Судиската Комисија на ЕХФ.
Тој ја извршуваше оваа функција во два мандати, а денеска за време на конгресот на ЕХФ во Виена, ја доби довербата и третпат.
Начевски имаше тројца противкандидати – Чехот Јири Конечни, Французинот Денис Рејбел и Германката Јута Ерман Вулф.
Претходно реизбран беше и претседателот на Европската ракометна федерација, Михале Видерер, кој ќе биде прв човек до 2025 година.