Тимот на Металург РА предводен од Дамјан Наумовски забележа нова победа во Првата лига, откако славеше на домашен терен против струмички Астраион со 37-25 во натпревар од 12 коло.
Членот на тимот од Автокоманда постигна 13 погодоци, од кои седум во вториот дел кога комплетно беше надигран ривалот.
Гостите парираа само на стартот додека беше 3-3, а потоа се беше во знакот на избраниците на Миле Бочкаровски. До крајот на полувремето Металург РА направи солидна предност од шест гола, 17-11.
На стартот на второто полувреме домашните врзаа три гола во серија за 20-11 и беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој дуел.
Покрај Наумовски со 13 гола, во победничкиот тим се истакнаа Матеј Филиповски со седум и Виктор Крствски со шест гола, додека кај Астраион по шест погодоци дадоа Наков и Ефтимов.
Металург РА сега има 18 бода на четвртото место, додека струмичани останаа на 12 на петтото место.