Средбата меѓу Борац Бања Лука и Беса кој заврши со 28:25 е под истрага од Дисциплинската комисија на ЕХФ поради пријава за расистички навреди.
Како што стои во извештатјот од натпреварот навивачи ги навредувале ракометарите на Беса што не е дозволиво со правилникот за натпревари на ЕХФ.
„ЕХФ не доволува дискриминација на политичка, расна или верска основа и отфрла какви било незаконски појави во спортот“, стои во соопштението на ЕХФ.
Натпреварот се играше во Бања Лка и имаше прекин при кој дојде до тепачка меѓу играчите на двете екипи. При овој инцидент имало навреди од трибините кон ракометарите на тимот од Косово.
При ваква ситуација судиите и делегатот можеле да реагираат и да го прекинат натпреварот, но тие се одлучиле истиот да биде одигран до крај.