НАТПРЕВАР ЗА АНАЛИТЕ: Будимир беше херој – како Кометал ЃП го елиминира Ларвик! (ВИДЕО)

Денеска славиме 20 години од освојувањето на титулата во Лигата на шампионите на Кометал Ѓорче Петров. 19 мај 2002 година и мечот со унгарскиот Херц Ференцварош (26-22) се врежани длабоко во сеќавањата на македонските љубители на ракометот, но се чини дека клучниот натпревар на патот кон титулата беше оној во Скопје против Ларвик. По убедливиот пораз во Норвешка, 29-22, Кометал ЃП победи дома со 28-21, а херој на натпреварот беше Андријана Будимир. Не само што беше најефикасна на теренот со девет погодоци, го постигна и клучниот гол што го однесе македонскиот тим до финалето. На 23 секунди до крајот тренерот Александар Панов, на кој според ракометарките не било ништо конкретно договорено. Бујанова упати една топка до Будимир, Андријана влезе низ одбраната на Ларвик и погоди за ерупција во „Кале“ на десет секунди до крајот. Гостинките не организираа напад и големото славје можеше да започне.....