Двобојот меѓу ПСЖ и Вардар од 6. коло во Лигата на шампионите на една недела пред одигрувањето доби нов термин за одигрување.
Се работи за средба која треба да се игра следната среда. ПСЖ е домаќин на Вардар на 28 октомври, а терминот кој беше одреден за почеток имаше старт во 20:45 часот.
Сепак, поради фактот што во Франција владее полициски час сите натпревари се играат порано за да може навреме да си заминат сите од салата.
Оттаму новиот термин е со промена од само два часа. Денот останува ист. Според новиот термин ПСЖ го пречекува Вардар на 28 октомври од 18:45 часот.