Натпреварите од новата сезона во Лигата на шампионите по подолго време ќе може да ги следиме со коментар на македонски јазик.
Националниот сервис МТВ ќе ги пренесува дуелите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер во најелитното натпреварување во Европа.
Првиот пренос од спортската сала „Боро Чурлевски“ од Битола ќе биде на 13 септември со почеток во 18:45 часот.
Пелистерци на тој натпревар го пречекуваат норвешкиот Колстад, а во групата се уште и Загреб, Келце, ПСЖ, Кил, Алборг и ПИК Сегед.