Шведската репрезентативка Натали Хагман и по одигрувањето на главната фаза од Мундијалот во Шпанија е лидер на листата на стрелци.
Хагман, која два пати постигна по 19 погодоци, по шест одиграни средби на Светското првенство има вкупно 62 гола.
Шведска ќе игра во четвртфиналето, а десното крило/бек ќе има најмалку уште една средба што значи дека е закана за остварувањето на Индира Кастратовиќ, која во дресот на Македонија на СП во Германија 1997 година даде 71 погодок.
Кастратовиќ е се уште во ТОП 5 на вечната листа на Мундијалите и го дели четвртото место со Луис Абинг, која на минатото СП во дресот на Холандија постигна исто толку голови.
Многу веројатно Хагман ќе биде и најдобар стрелец на СП во Шпанија, со оглед на тоа што сите во ТОП 10, го завршија натпреварувањето
ТОП 5 вечна листа на стрелци на СП:
1. Бојана Радуловиќ (Унгарија) – 97 (2003)
2. Аусра Фридрикас (Австрија) – 87 (2001)
3. Грит Јурак (Германија) – 85 (2007)
4. Индира Кастратовиќ (Македонија) – 71 (1997)
Луис Абинг (Холандија) – 71 (2019)