Во натпревар од 21.коло во Женската лига во Турција, екипата на Текирдаг забележа рекордна победа против составот на Анадолу Анталија, со 70 гола разлика, 80:10.
Ракометарките на Текирдаг на полувреме имаа предност од 39:6, додека во второто полувреме успеаја да создадат поубедлива разлика и да прослават рекордна победа.
Екипата на Анадолу Анталија на овој натпревар настапи со само пет ракометарки, а само две од нив се запишаа во листата на стрелци.
Анадолу Анталија во досегашниот тек од шампионатот на Турција успеа да триумфира само на три средби, а на свое конто има дури 18 порази.
Против Анадолу Анталија убедлива победа остварија и екипите на Гореле (20:67), Јаликавак (14:56), Кастамону (57:14), Јенимахал (31:63) и Ускудар (69:12).