Поранешниот младински репрезентативец на Србија, левиот бек Марко Вигњевиќ, кој во оваа сезона направи трансфер од соништата и од Спачва Винковци се пресели во Бундес лигата, поточно во екипата на Минден, ќе паузира најмалку осум месеци поради повреда.
Младиот ракометар на натпреварот против Кил, кој беше одигран на 18 септември во рамки од Бундес лигата, заработил повреда на коленото.
Српскиот ракометар повредата ја заработил по само две минути минати на теренот. Раководството на Минден во следниот период најверојатно ќе се обиде да ангажира нов лев бек, со цел да има пoконкурентен состав во најсилната лига на светот.
Пред две недели повреда заработи и тунискиот репрезентативец во редовите на Минден, средниот бек Мохамед Дармул, кој исто така го повреди десното колено, но тој ќе биде надвор од ракометните терени само еден месец.