Напаѓаа со шест против тројца, но не успеаја да шутнат на гол (ВИДЕО)

Кога во еден момент на терен ќе се најдат шест ракометари во напад, а во одбраната на противникот има само тројца играчи тоа се смета како ситуација „пенал“ бидејќи е потребно само да се одработи за едно од крулата и да се упати шут од зицер ситуација. Сепак, на средбата oд Првата машка лига меѓу Борец и Работнички имаше интересен момент при кој домашните не успеаја да постигнат гол во ваква ситуација. Да биде уште поинтересно еден од тројцата ракометари на Работнички ја пресече топката и тргна во контранапад, но беше запрен на средина од теренот. Ситуација која треба да се погледне!