Екпакипата на Нант претрпе пораз на домашен терен во првенството на Франција од Ст. Рафаел со 27:32 и ова делува како да почна веќе штедењето за Ф4 турнирот во Келн.
Овој пораз го откажува тимот на Нант од битката за 2. место во Франција така што ќе треба сето внимание сега да се насочи кон Келн каде што ќе треба да се стави главниот акцент за оваа сезона.
Инаку, составот на Ст. Рафаел ги реши дилемите уште во првото полувреме кога водеше со 16:12. Овие четири гола беа повеќе од доволни во продолжението да се обезбеди победата, па Лазаров и колегите не можеа да надоместат.
На оваа средба Лазаров беше стрелец на три гола, а еден од нив беше од седум метри. Инаку, прв стрелец беше Балагер со седум гола. Најефикасен беше Рафаел Кошето од Ст. Рафаел со десет погодоци.