Екипата на Нант каде што настапува Кире Лазаров имаше слабо издание на гостувањето кај Екс ан Прованс во 13. коло од првенството на Франција и претрпе пораз од 29:31.
После поразот во неделата од ПСЖ, Нант доживеа втор пораз во серија, а беше во негатива долго време. И после првите 30 минути предноста беше за тимот на Екс ан Прованс кој водеше со 14:12.
Капитенот на репрезентацијата на Македонија се вклопи во слабата игра на целата екипа и натпреварот го заврши со само еден погодок од шест обиди.
Почетокот на мечот беше одлучувачки за победникот, Екс поведе со 5:1 и во продолжението успешно ја одржуваше позитивата до крајот на мечот.
Со овој пораз Нант останува на 5. позиција и е сè подалеку од борбата за титулата.