Ракометарите на Нант на уште еден натпревар не успеаја да триумфираат и вторпат по ред одиграа нерешено во Лигата на Европа. На домашен терен иако имаа предност од пет гола сепак на крајот одиграа нерешено 33:33 со Бенфика.
Францускиот претставник забележа тешка победа, Нант добро отвори и имаше пет гола предност но Бенфика возврати и до крајот на полувремето успеа да го сврти резултатот и на паузата да води 16:17. Во продолжението Нант успеа да ја врати највисоката предност, но во завршницата Бенфика стигна до израмнување и освои бод.
Кирил Лазаров на овој натпревар постигна еден погодок, а убедливо најефикасен на мечот беше Валеро Ривера со 11 гола.
Магдебург беше сигурен на домашен терен и славеше против екипата на Нексе со -. Уште на полвремето Магдебург имаше водство од 19:14, а до крај на дуелот без проблеми стигна до победата. Ла Риоха го совлада составот на Екс Ан Прованс со 33:26 откако и на полувреме имаше водство од 17:13.
ЛИГА НА ЕВРОПА, РЕЗУЛТАТИ
БИДАСОА ИРУН – ВИСЛА ПЛОЦК 28:29 (11:16)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СПОРТИНГ 31:25 (14:13)
ЛА РИОХА – ЕКС АН ПРОВНАС 33:26 (17:13)
МАГДЕБУРГ – НЕКСЕ 32:26 (19:14)
НАНТ – БЕНФИКА 33:33 (16:17)