Нант и Лазаров декласрани пред своите гледачи

Ракометарите на Нант претрпеа неочекуван пораз пред своите гледачи во 7. коло од најсилната лига во Франција. Вториот пораз во сезоната им го нанаесе екипата на Тулуз со високи и убедливи 34:26.

Нант имаше многу проблеми со противникот. Уште од почетокот не успеваше да стигне до поубедливо водство. Највисоката предност што ја имаа беше 10:8, но потоа почнаа вистинските проблеми. Следуваше серија од 4:0 на Тулуз за преземање на водството кое до крајот на првото полувреме го зголемија на пет гола, а првиот дел заврши со 13:18.

Лазаров и колегите немаа идеја како да се спротивстават на Тулуз па во 40. минута имаа осум негатива, а во 45. минута и 10 гола заостанување. До крајот немаа сили да се вратат во дуелот и да избегнат пораз. Тулуз рутински го заврши натпреварот за голема победа на гостувањето кај фаворитот.

Кирил Лазаров немаше своја вечер и натпреварот го заврши со еден погодок. Најефикасен во Нант беше Николас Турна со седум гола. Во победничкиот состав најдобар беше Лук Стеинс со девет погодоци, без ниту едно промашувње.

Во остнатите дуели уште еден фаворит не стигна до победа, Монпелје на гостувањето кај Истр одигра нерешено, додека ПСЖ беше сигурен кај Иври. Победи остварија и Ст. Рафаел, Шамбери и Требмле.

ФРАНЦИЈА 1

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

Шамбери – Шартр 30:20

Истрес – Монпелје 25:25

Иври – ПСЖ 24:30

Нант – Тулуз 26:34

Трембле – Кретиј 23:21

Екс Прованс – Ст. Рафааел 25:27