Првиот трофеј во новата сезона во Франција го освои екипата на Нант. Во Поитие, Нант славеше против ПСЖ со 37-33 и го грабна „трофејот на шампионите“, првпат по 2017 година.
Ова е одличен старт за новиот тренер Грегори Кожан, кој го замени Алберто Ентрериос на клупата на Нант.
Одлично деби за Нант имаше хрватскиот чувар на мрежата Иван Пешиќ, додека најдобри стрелци беа шпанските крила Ривера и Одриозола со осум, односно шест погодоци.
На спротивната страна, во составот на Раул Гонзалес, по пет погодоци постигнаа Гребиј, Шипжак и Пранди.