Наместо 12, во вторник ќе се играат само четири меча од Лигата на Европа!

Корона хаосот во ракометот не стивнува, напротив – почнува секој ден се одложуваат натпревари од националните шампионати и од европските купови.

Најнови на листата одложение се натпреварот од женската Лига на шампиони меѓу Валчеа и Борусија Дортмунд, поради позитивни случаи на Ковид-19 во романскиот тим.

Одложени се уште два меча во Лигата на Европа. По Металург, во карантин заминуваат екипите на Бешикташ и Татран Прешов.

Поради позитивните тестови по првите натпревари од Лигата на Европа, турскиот и словачкиот првак ќе бидат во карантин, а одложени се натпреварите меѓу Нексе и Бешикташ, како и меѓу Спортинг Лисабон и Татран Прешов.

Засега останува само да се играат дуелите Адемар Леон – Тулуз, Фиверс – Чеховски Медведи, ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер и Кристијанштад – Динамо Букурешт.