Наместо поларни температури во Москва, сонце во пустина – Сара Ристовска за Нова Година во Дубаи (ФОТО)

Во женскиот руски шампионат има кратка пауза, а ракометарите на ЦСКА Москва добија слободни денови.

За прослава на Новогодишните и Божиќните празници, Сара Ристовска и уште две колешки одбраа убава дестинација.

Ристовска, Ана Грос и Екатерина Илина, поларните температури во Москва кои одат и до -30, ја заменија со сонце и пустина.

Тие се во Дубаи, таму има сонце и температури до 25 степени во декември, па судејќи според фотографиите навистина уживаат.