Наместо во сала, за Светско првенство се подготвуваа на отворено

Репрезентацијата на Ургувај на Светското првенство во Египет ќе го има својот дебитански настап на едно големо натпреварување.

Селекторот, Хорхе Ботехара, за домашните медиуми ги издвои проблемите со кои се соочи неговата репрезентација поради ковид пандемијата и неговите очекувања како селектор за натпреварите во Египет.

„Кај нас продолжуваат рестриктивните мерки за борба против ковид пандемијата, кои не дозволуваат тренинг во салите. Затоа, нашите ракометари мораа да вежбат на отворено. Пандемијата исто така не спречи да одржуваме и пријателски натпревари, што исто така ги отежнаа подготовките“, вели Ботехара.

Уругвај на мундијалот во Египет е во група со Германија, Унгарија и Капе Верде (Зеленортските острови). Селекторот смета дека репрезентацијата од островите ни најмалку не е лесен противник.

„Во нашата група секако се издвојуваат репрезентациите на Германија и Унгарија. Но селекцијата на Капе Верде не е воопшто наивна, има солидни ракометари. Уверени сме дека ќе сториме се што е во наша моќ и ќе видиме што ќе постигнеме“, заврши Ботехара.

Уругвај својот дебитански натпревар во Египет ќе го одигра на 15 јануари против моќната репрезентација на Германија.