Наи замина во САД, од Келце се шегуваат – Никој не ни кажа за трансферот во Њујорк (ФОТО)

Левото крило на полскиот првак Келце и францускиот национален тим, Дилан Наи, замина во посета на Њујорк.

Тој посети еден тренинг на локалниот ракометен тим, а престојот во САД го искористи да гледа НБА натпревар меѓу Њујорк и Бруклин.

Од Келце објавија фотографија на социјалните мрежи од Наи и се пошегуваа дека не знаат ништо за транферот.

„Дилан Наи е во Њујорк. Не знаеме ништо, никој не ни кажа за трансферот“, напишаа од медиа тимот на полскиот шампион.