Македонија го заврши настапот на Светското првенство во Египет и утре ракометарите ќе се вратат дома.
Но пред враќањето, двајцата наши пикери Стојанче Стоилов и Жарко Пешевски не ја пропуштија приликата да се фотографираат со ѕвездата на Мундијалот – конгоанскиот „дебелко“ Готје Мвумби.
Наградното прашање за вечерва е – колку тежи оваа фотографија на која се тројцата „тешкаши“…