Голманот на Вардар, Васил Гогов, беше клучниот ракометар во ремито на македонскиот шампион кај Веспрем, 31-31.
Чуварот на мрежата доби шанса за настап во вториот дел и забележа осум одбрани од 14 шута на ѕвездите од Веспрем.
Откако Гогов застана на голот на Вардар, „црвено-црниот“ тим од загубена позиција успеа да се избори за реми.
Една од одбраните на Гогов, медиа тимот на ЕХФ ја смести во ТОП 5 одбрани во Лигата на шампионите. Погледнете ги ТУКА.