Навивачки триумф на Македонија во Полска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Навивачи Македонија – Норвешка

Салата Таурон во Краков „вриеше“ од македонски навивачи кои ја направија најубавата атмосфера досега. Сите во „црвено-жолто“ и сите „ЗА МАКЕДОНИЈА“

Можеби очекувано, но сепак со превисока разлика, 27-39 од Норвешка, репрезентацијата на Македонија ги почна натпреварите на СП во Полска. Додека играчите на терен се обидуваа да парираат на корпулентните и доминантни Норвежани, на трибините имаше целосна доминација на Македонците. Од сите градови, организирано или самостојано, па и од многу држави од Европа навивачите ја догнаа атмосферата во Таурон Арена. Сега беше почеток, а слична кореографија ќе има и утре...