Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер го одиграа првиот меѓусебен дуел во суперлигашкиот плеј-оф сезонава, кој заврши со триумф на шампионот со 31-24.
Натпреварот го одбележа инцидентот меѓу двете навивачки групи, и прекинот кој траеше скоро половина час.
Дури и откако се смири ситуација и натпреварот продолжи, навивачките провокации продолжија со транспаренти на трибините.
Втората средба меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во Битола на 6 или 7 мај, кога ќе добиеме одговор на прашањето за првакот на Македонија.