Навивачите ги „нападнаа“ Талески и Кузмановски (ВИДЕО)

Македонската репрезентација денес славеше против Романија во првиот натпревар од баражот за Светското првенство со 30-22, а ова беше прв натпревар за ракометната репрезентација после две години кој го игравме пред публика. Желбата за ракомет можеше да се види и по тоа што сите билети кои беа пуштени во продажба беа и распродадени. Победата само беше причина за дополнително задоволство. Фановите после победа ги „нападнаа“ ракометарите, а едни од најпогодените беа Филип Талески и Филип Кузмановски.