Му се слоши на гледач на трибини, прекинаа уште еден меч во Бундес

Натпреварот меѓу екипите на Хамбург и Мелзунген од Бундес лигата не го дочека својот крај откако беше прекинат после 23 минути игра при резултат 8:11.

Причина за прекинот беше во еден од гледачите на средбата, кој имаше потреба од медицинска помош. Брзата реакција му го спасила животот така што гледачот се наоѓа во болница.

При оваа ситуација играчите се повлекоа во соблекувалните, а неколку минути подоцна гостите се појавија на терен со цел да се загреат за да го продолжат натпреварот. Сепак, откако било дознаено дека гледачот на кој му се слошило е блиско лице на ракометар на Хамбург од домашниот тим било побарано средбата да биде целосно откажана.

Оттаму овој дуел не беше продолжен така што ќе биде одигран во дополнителен термин.

Ова е втор прекинат натпревар во Бундес лигата поради влошена здравјствена состојба на гледач. Пред две недели се случи истото и на дуелот меѓу Бергишер и Вецлар.

Прекинат натпреварот Бергишер-Вецлар, Миркуловски и колегите беа пред победа