Средниот бек на Вардар, Сташ Скубе, најави дека доколку добие покана за настап на ЕП за Словенија нема да ја прифати, бидејќи има други планови за паузата меѓу двете полусезони.
Веројатно меѓу тие планови била и посета на Англија, односно Лондон за време на Божиќните празници.
Скубе се пофали на социјалните мрежи дека гледа натпревар од фудбалската Премиер лига на неговиот омилен клуб Челзи.
Сепак на „Стемфорд Бриџ“ за негова жал, Челзи загуби од Саутемптон, па Скубе немаше многу причини за радост.