Хрватскиот репрезентативец Жељко Муса, од следната сезона ќе биде играч на шампионот Загреб, откако потпиша договор на две сезони.
Муса, кој веќе долги шеста сезона игра во бундеслигашот Магдебург реши дека дојде време да се врати дома и полека да се подготвува за крајот на кариерата.
„Се одлучив за промена, иако имав понуда да продолжам во Магдебург. По понудата од Загреб сфатив дека тоа е она што го сакам. Ја минав цела ракометна академија во Загреб и немав прилика да заиграм за првиот, но сега ќе се случи тоа и многу сум мотивиран“, вели Муса.
Тој долги години играше во Словенија, за Тримо Требње и Горење Велење, пред да замине во полскиот Келце.