Претстојното Светско првенство ќе има шмек на Бундес лигата од причина што во составите на 23 од 32-те репрезентации учеснички има играчи кои носат дрес на германски клуб. Вкупно 106 ракометари членови на екипи од Германија се наоѓаат на листите на своите национални тимови.
На оваа листа се наоѓа и Македонија со името на Филип Кузмановски, кој настапува за Хановер. Вкупно 91 играч-репрезентативец се од најсилната Бундес лига, 8 се од Втората лига, а 7 се членови на аматерски клубови.
Разбирливо најмногу играчи има во германскиот состав 17, единствено голманот Андреас Вулф кој е член на полскиот тим Келце доби повик од селекторот Алфред Гисласон, а да не е дел од бундеслигашки тим. Во селекцијата на Данска има 12 играчи, кај Шведска 9, што е и очекувано знаејќи дека голем број играчи од овие две држави играат во германски тимови.
Следни на листата се репрезентациите противнички на Македонија во групата во Краков – Норвешка и Холандија со по 8 играчи.
Од регионот Хрватска има 7, Словенија и Црна Гора по 5, а Србија 3. Девет репрезентации меѓу кои и Македонија имаат по еден репрезентативец од германски клуб.
Од репрезентациите кои немаат играчи во најсилната лига се: Франција (единствена од Европа), Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Катар и Бахреин (Азија), Уругвај и Аргентина (Јужна Америка), Алжир и Мароко (Африка).