Светската ракометна федерација ги објави делегирањата за денешните натпревари од Мундијалот во Македонија.
Нашата репрезентација нема да игра во четвртфиналето, но Македонија ќе има свои претставници во Даниело Божиновски и Виктор Начевски.
Тие ќе го судат четвртфиналето меѓу Јужна Кореја и Шведска што се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:30 часот.
Покрај судиската двојка, меѓу офцијалните лица денеска ќе биде и Драган Начевски на три средби: Унгарија – Египет, Данска – Франција и Индија – Уругвај.