Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло на Мундијалот во Полска и Шведска.
Најдобрата македонска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат мечот за првото место во групата Д меѓу Унгарија и Португалија.
Натпреварот ќе се игра од 20:30 часот, а меѓу официјалните лица ќе биде и делегатот Нилсен од Данска.
Овој двобој ќе биде решавачки за првото место во групата. Ако победи Унгарија е сигурно прва, а доколку загуби и плус Исланд победи, ќе има круг од три репрезентации со ист број на бодови и ќе решава меѓусебен скор.