Мундијалот само што почна, таа веќе го има потегот на шампионатот (ВИДЕО)

Голманката на Русија, Полина Каплина го има потегот на Светското првенство уште на вториот ден од неговото одржување. Таа успеа да забележи неверојатна одбрана со која дефинитивно ќе си најде место и меѓу најубавите потези на шампионатот. Ова се случи на дуелот против Камерун, на кој Русија победи со 40:18.

Во моментите кога Каплина се враќаше на теренот, пивотот на Камерун, Јасмине Јочум, промаши речиси празен гол и биеше во момент кога голманката на Русија беше завртена со грб, а успеа да ја погоди во раката.

Видеото можете да го видите на следниот ЛИНК.