Тимот на Мулти Есенс ќе биде домаќин на завршниот турнир во машката кадетска лига претстојниот викенд.
Во салата во Автокоманда, во сабота и недела ќе се одиграат четири натпревари по кои ќе биде познат новиот шампион.
Турнирот ќе го отворат Мулти Есенс и Голден Арт од 13:00 часот во сабота, додека од 15:30 часот ќе играат Струга и Еурофарм Пелистер.
Следниот ден ќе бидат битките за медали. Мечот за трето место е од 11:00 часот, додека финалето е планирано за 13:30 часот.