Мулти Есенс продолжува со доминацијата во Првата лига

Ракометарите на Мулти Есенс продолжуваат со својата доминација во дебитанската сезона во Првата лига.

Избраниците на Бранислав Ангеловски сѐ уште се непоразени во прволигашкото друштво, откако денес славеа против Голден Арт 2 со 30:21.

Домашниот тим до победата и новите теи бода дојде уште во првото полувреме, кое го доби со 17:6, потоа во продолжението рутински ја одржа стекнатата предност.

Најефикасни во победничката екипа со по пет погодоци беа Давид Димевски и Давид Омерагиќ.

Кај Голден Арт 2 листата на стрелци беше предводена од Кристијан Стаменковиќ и Петар Стојаноски. Двајцата ракометари во мрежата на домашниот тим постигнаа по четири погодоци.

Мулти Есенс во новата натпреварувачка сезона 2023/24 ќе игра во македонската елита и ќе биде најмладиот тим меѓу суперлигашите.