Женската кадетска репрезентација на Македонија се врати во Скопје по освојувањето на златниот медал на ЕХФ шампионатот во Литванија.
Ракометната федерација на Македонија организираше прием за девојките и стручниот штаб, а ги поздрави и претседаталот Живко Мукаетов.
“Драги македонски лавици, би сакал да ве поздравам. Ова што го направивте не направи посебно горди, тоа е голема радост за македонскиот народ и за сите. Голема работа, тоа е еден преубав почеток, на вашите кариери кои следат. РФМ е тука да ве следи помага, и заедно да правиме добри работи за доброто на македонскиот ракомет. Вие и целиот стручен штаб заслужувате едно големо БРАВО. РФМ реши да ве награди и да ви покажеме дека го цениме вашиот труд, бидјеќи цело лето имавте подготовки и да направите добро дело да направите нешто добро за Македонија. И трасиравте пат на кадетките и младинките да играат на ЕП, а тоа е нешто за што сите сонуваме. Сакам во иднина и да биде исто со сенироската репрезентација”, кажа Мукаетов.