Македонската интернационалка Савица Мркиќ со екипата на Ериче го освоија второто место во најквалитетното натпреварување во Италија.
Ериче во финалето од плеј-оф фазата за ривал го имаше тимот на Јоми Салерно и не успеа да го симне од тронот, откако славеше само на еден дуел од финалната серија.
Македонката поради повреда на коленото не настапи на третиот одлучувачки натпревар, на кој Јоми Салерно триумфираше со 35:30.
Екипата на Ериче со освоеното второ место за следната натпреварувачка сезона избори пласман на европска сцена.
Во ланската сезона клубот на Мркиќ заврши на 6. позиција во италијанскиот шампионат.