Екипата на Прилеп во спортската сала при СОУ „Ристе Ристески Ричко“ ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2023/24.
На првата прозивка, новиот тренер на Прилеп, Божидар Мојсов, на ракометарите им ги претстави плановите за новата сезона, во која клубот ќе влезе со изменет состав за разлика од претходната сезона.
Нови имиња во тимот на Прилеп се поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Пеце Рајатовски, потоа средните бекови – Владан Кастратовиќ и Драган Јелушиќ, голманот Давид Ацевски, пикерот Томче Трајчевски и левиот бек Никола Цветаноски.
Од клубот заминаа Давор Шокоски, Никола Стојкоски, Реваз Чантурија, Мириани Гавашелишвили и Бојан Вренцоски.
Прилеп во минатата сезона играше во плеј-аут фазата, откако во регуларниот дел не обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи, но во борбата за опстанок имаше солидни партии и успеа да го задржи суперлигашкиот статус.