Некогашниот македонски репрезентативец, а сега директор на Агенцијата за Млади и Спорт, Наумче Мојсовски беше разочаран по поразот од Русија.
Тој смета дека може да се загуби со голема разлика, но барем да има борба на теренот.
„Можеш да загубиш многу, но да не се бориш тоа е лошо. Мора некако да се мотивираме. Самото СП треба да ни биде мотивација. Ракометарите треба да знаат колкава тежина носи дресот со националните бои. Никој нема да ти замери ако се бориш, но тоа денеска не го видовме. Се предадовме уште на самиот старт и излеговме со бело знаме. Се се сведува на мотивација. Кога си на СП мора мотивацијата да ти биде плафон. Голем плус за младите деца кои се таму. Големо искуство за нив. Мислам дека треба да видат дека не е ништо различно ракометот што се игра дома со тоа таму. Се надевам дека ќе одиме се понапред. Од мене имаат поддршка, треба трпение да се искалат. Но, пак ќе повторам може да загубиш и 3 и 20, но ако нема борба залудно е се“, изјави Мојсовски.
За Македонија останува уште еден натпревар против Белорусија в недела од 15:30 часот.