Селекторот на сениорската машка репрезентација на Германија, Алфред Гисласон во интервју за весникот „Манхајмер Mорген“ откри дека негова најголема инспирација е тренерот од Ливерпул, Јирген Клоп.
Иако, неговиот голем идол нема допирна точка со ракометот, стратегот на германскиот национален тим е воодушевен од неговата работа како тренер, но и од постигнатите резултати на Клоп со клубот од Англија.
„Морам да кажам дека она што го направи Клоп во Ливерпул, мене ме инспирира. Како го води тимот, атмосферата која ја создава во екипата, тоа е многу добро и одлично”, изјави Гисласон.
Алфред Гисласон го очекува тежок предизвик на Европското првенство во Унгарија и Словачка бидејќи таму ќе патува со доста помлад и понеискусен тим.
За разлика од претходните години кога Германија на големите натпреварувања одеше со речиси најсилен состав, сега нема да биде меѓу главните фаворити.
Германија ќе игра во група со Австрија, Белорусија и Полска.