Мотор со двојна круна во Украина, екс член на Бутел прогласен за најдобар голман на сезоната

Тимот на Мотор Запорожје покрај тоа што игра во Втората Бундес лига, партиципираше и во украинскиот шампионат, кој се играше турнирски.

Без поголеми проблеми избраниците на Гинтарас Савукинас го освоија првото место во конкуренција на Одеса и Донбас, кои беа второ и трето место.

Ова беше 11 титула во првенството на Украина за Мотор Запорожје, кој исто така освои трофеј во Купот, вкупно деветти, откако ја совлада Одеса со 40-27.

По завршувањето на шампионатот, украинската федерација ги избра и најдобрите седум, а во идеалниот тим се најде и едно познато име за македонската јавност.

Некогашниот голман на Бутел Скопје, Богдан Панченко, кој сега ги брани боите на ЦСКА Kиев, беше прогласен за најдобар чувар на мрежата оваа сезона.