Украинскиот шампион Мотор поради случувањата во Украина во минатата сезона учествуваше во Втората Бундес лига.
Клубот, кој беше и ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа и успеа да обезбеди пласман во осминафиналето, се врати во Запорожје.
Мотор во новата сезона нема да игра во второто по квалитет европско клупско натпреварување, ќе биде дел од Европскиот Куп, но за разлика од минатата сезона, клубот од Запорожје главно ќе се потпира на млади играчи.
Од клубот заминаа речиси сите главни играчи – Игор Турченко, Генадај Комок, Александар Касаи, Дмитри Горига…На местото на досегашниот тренер Гинтарас Савукинас, дојде Николај Степанец, поранешен селектор на Украина.
Заминувањето на Игор Турченко, кој ги засили редовите на францускиот суперлигаш Лимож, ќе биде голем удар за Мотор, со оглед на тоа дека младиот ракометар беше алфа и омега во клубот.
Во Запорожје дојдоа дузина млади играчи од домашниот шампионат – Судовцов, Котјук, Семенченко, Рубан, Рагозин…
Мотор на 20 август во Киев ќе се сретне со Одеса во рамки од Супер Купот на Украина и ќе се обиде со трофеј да ја започне новата сезона.