Мотор остана „жив“, доаѓа во Битола на „се или ништо“!

Денес со натпреварите од 9. коло во Лига на Европа ќе бидат познати речиси сите учесници во осминафиналето во второто по ранг европско натпреварување.

Во групата Д, во која се наоѓа македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, изненадување направи украинскиот шампион Мотор Запорожје, кој триумфираше против Бидасоа Ирун, со резултат 33:31.

Младиот член на Мотор, Игор Турченко повторно имаше одлична парија и го предводеше својот тим во победата против Бидасоа, постигна 13 гола од 16 обиди.

Мотор со победата над шпанскиот тим, остана во игра за пласман во осминафиналето во второто по ранг европско натпреварување, бидејќи се уште има шанси за 4. позиција на табелата.

Доколку Еурофарм Пелистер денес биде поразен од Фуксе Берлин, тогаш мечот во Битола меѓу избраниците на Ларс Валтер и Мотор ќе решава за патникот во осминафиналето во второто по квалитет натпреварување во Европа.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се одигра во терминот од 20:45 часот.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 9. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БЕНФИКА – КАДЕТЕН 27:28 (13:13)

ТАТРАН – ГЕПИНГЕН 26:28 (10:13)

МОНПЕЛЈЕ – ВЕСПРЕМ 20:45ч

ГРУПА Б

ФЛЕНСБУРГ – ИШТАД 30:23 (12:13)

БЕНИДОРМ – ФТВ 20:45ч

ВАЛУР – ЕКС АН ПРОВАНС 20:45ч

ГРУПА Ц

БАЛАТОНФУРЕДИ – СПОРТИНГ 25:31 (13:16)

ГРАЊОЛЕРС – СКЈЕРН 34:31 (15:15)

НЕКСЕ – АЛПЛА 20:45ч

ГРУПА Д

МОТОР – БИДАСОА 33:31 (16:16)

ФУКСЕ БЕРЛИН – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 20:45ч

АРХУС – АГУАШ САНТАШ 20:45ч