Мотор остана без „моторите“

Украинскиот шампион Мотор Запорожје, кој во следната сезона ќе игра во Втората Бундес лига, остана без лидерите.

Според „Igra Handball“, од тимот заминуваат Артем Козакевич, Борис Пуховски, Вјачеслав Бокан, Иван Мороз и Аиденас Малашинскас.

Литванецот Малашинскас би требало да ја продолжи кариерата во Бундес лигата, Бокан би можел да се пресели во Барселона, а Козакевич потпиша за Баја Маре.

Која ќе биде следната дестинација на Мороз и Пуховски останува да видиме. Мотор Запорожје бараше место во ЛШ, но не го доби, па ќе мора да се задоволи со настап во Лигата на Европа.