Со одигрувањето на 12 натпревари беше комплетирана групната фаза од второто по квалитетно европско клупско натпреварување, Лигата на Европа.
По поразот од Мотор Запорожје, македонскиот претставник Еурофарм Пелистер беше елиминира, а натаму оди украинскиот првак.
Втората непозната пред вечерашните пресметки беше дали францускиот Екс или унгарскиот ФТЦ одат во осминафинале.
Тоа му успеа на унгарскиот тим кој одигра реми со гигантот Фленсбург, 27-27, и благодарение на тој бод оди во следна рунда.
Нексе триумфираше во Лисабон кај Спортинг и го обезбеди првото место во групата Ц, а за место во четвртфинале ќе игра против Мотор.
Лига на Европа, осминафинале:
Скјерн – Фуксе Берлин
Бенфика – Фленсбург
Мотор – Нексе
Ференцварош – Монпелје
Валур – Гепинген
Кадетен – Иштад
Бидасоа – Спортинг
Грањолерс – Архус
Лига на Европа, 10 коло, резултати:
група А
Веспрем КФТ – Бенфика 26-35
Гепинген – Монпелје 27-25
Кадетен Шафхаузен – Татран Прешов 38-30
група Б
Иштад – Валур 33-35
Екс Ан Прованс – Бенидорм 39-29
Ференцварош – Фленсбург 27-27
група Ц
Спортинг Лисабон – Нексе 28-34
Алпла Хард – Гранољерс 27-27
Скјерн – Балатонфуреди 32-26
група Д
Еурофарм Пелистер – Мотор Запорожје 25-27
Агуаш Санташ – Фуксе Берлин 23-29
Бидасоа – Архус 29-26