Украинскиот шампион Мотор Запорожје ќе биде ослабен на гостувањето во Скопје на мечот против европскиот првак Вардар.
Тимот од Запорожје остана без двајцата стартни бекови на левата и десната страна, Станислав Жуков и Денер Јанима, кои пред десетина дена го засилија Спартак Москва, а сега остана и без левото крило Игор Сорока и голманот Виктор Киреев.
Тие двајцата не се на листата патници кон македонската метропола, објавија на официјалниот сајт на Мотор.
Замена за Сорока ќе биде Александар Касај, додека Виктор Киреев ќе го менува Михаил Будко, кој веќе настапи против Вардар на дуел од СЕХА лигата во Скопје.
Натпреварот меѓу Вардар и Мотор се игра во СЦ “Јане Сандански” в сабота со почеток од 17:30 часот.