Репрезентациите на Данска и Шведска играаат во финалето на Светското првенство во Египет во борба за златниот медал и титулата светски шампион.
Данска го брани златото од минатиот Мундијал во 2019 година, додека Шведска има можност да биде Светски шампион после 22 години и повторно тоа да биде во Египет.
Овие две скандинавски земји ги поврзува мостот „Оресунд“ кој во времето на одигрување на финалниот меч ќе биде осветлен во боите на двете земји. Светлата во боите на двете држави ќе го красат ова здание од 16 часот сè до завршување на натпреварот.
Официјалната страна на мостот, на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија како изгледа мостот во предвечерието на финалето.
Øresundsbron lyser op i danske og svenske farver under VM-finalen 🇸🇪🇩🇰
Danmark møder Sverige, når VM-finalen i håndbold…
Posted by Øresundsbron on Sunday, 31 January 2021