Репрезентацијата на Полска со победа го започна Мундијалот во Египет, Полјаците на oтварањето ја совладаа репрезетацијата на Тунис со 30:28. Иако по во првиот дел Тунижаните имаа добро издание на крајот мораа да се помират со пораз.
Почетокот им припадна на Полјаците, поведоа 3:0 но потоа африканскиот претставник ја презема контролата на мечот и го сврте резултатот. Од резултат 5:5 Тунис направи серија од четири последователнии гола и имаше убаво водство пред продолжението.
Ваквата предност на Тунижаните се одржуваше до завршницата на првото полувреме кога Полска со добри минути ја анулираше и стигна до израмнување. По 30 минути игра беше израмнето 17:17, а Полска го имаше последниот напад и за водство по првиот дел.
На почетокот на второто полувреме се играше гол за гол, максимално израмнето. Тунис имаше мал пад во играта што одлично го искоритија Полјаците и после почетното водство, за првпат имаа повисока предност од еден гол. Четирите гола позитива од 26:22 беа доволна залиха до крајот на натпреварот да стигнат до првите бодови. До крајот на дуелот Тунис успеа само да го ублажи поразот.
Во кокнкуренција уште на Бразил и Шпанија, афиканската репрезентација ќе има тешка задача да избори пласман во главната рунда после овој пораз. На овој натпревар правдата ја делеа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Најефикасен во составот на Полска беше Аркадиуш Морито со 11 гола, а Крајевски постигна пет погодока. Во репреентацијата на Египет прв стрелец со девет гола беше Санаи, а Дармул постигна шест.