Легендата на германскиот ракомет, кој е уште активен и го носи дресот на Штутгарт, Кристијан Цајц се огласи на својот Инстаграм профил со коментар и со порака за сите во светот.
Играчот кој најголем дел од кариерата мина во тимот на Кил не остана имун на ситуацијата и упати порака до сите со желба сето ова што е можно побрзо да заврши.
„Светот минува низ тешко време, а сите ние сме само немоќни гледачи. Сега мораме да се држиме сите заедно. Останете здрави и позитивни“, напиша Цајц.
Бундес лигата е во пауза, а уште не е познато кога ќе продолжат натреварите односно дали воопшто ќе се продолжи со играње.