Според пишувањата на хрватскиот „24Сата“, кубанскиот десен бек Куни Моралес, нема повеќе да биде дел од Вардар.
Неговиот договор завршува на лето, а следната дестинација според хрватскиот медиум ќе биде тамошниот првак Загреб.
„Плинарите“ ќе се разделат со Унгарецот Чаба Лејметер, кој оди во Балинген, па Моралес би требало да биде негова замена.
Кубанецот дојде во Вардар пред две сезони и остави одличен впечаток, а претходно ги носеше дресовите на Порто, Иври, Данкерк и Мадеира.
Вардар на десната бековска позиција покрај Моралес, го има уште и македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски.
Во Загреб во моментов играат тројца екс вардарци – Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Стефан Додиќ, а покрај Моралес, ново засилување би требало да биде и црногорскиот пивот од Тримо Требње, Миодраг Ќорсовиќ.