Бразилскиот репрезентативец Рожерио Мораес мина три сезони во македонскиот првак Вардар, имаше три настапи на Ф4 во Келн, а освои две шампионски титули.
Првпат беше гостин во Скопје со новиот клуб Веспрем како противник на „црвено-црните“, а се радуваше на висока победа.
На полувремето доби специјален дрес, со кој раководството му се заблгодари за придонесот во Вардар, а Бразилецот се огласи на социјалните мрежи.
„Ви благодарам за одличниот пречек Македонци, пријатели, фанови…Засекогаш ќе останете во моето срце“, порача Мораес.