Монпелје го смири Вардар, го застана во „Јане Сандански“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Монпелје (Лига на шампиони)

Во 4. коло од Групата А во Лигата на шампионите, екипата на Вардар загуби со 25:31 против Монпелје. Гостите од Франција одработеа одличен натпревар во текот на сите 60 минути и покажаа дека дојдоа одлично подготвени во Скопје така што во ниту еден момент не дозволија Вардар да се доближи. Водеа од почеток до крај на средбата.

Составот на Вардар го претрпе првиот пораз сезонава во Групата А од Лигата на шампионите откако на свој терен после две победи над Алборг и Мешков Брест загуби со 25:31 против Монпелје. Гостите од Франција имаа повеќе од играта во текот на сите 60 минути и покажаа дека се добро подготвени за овој дуел така што во ниту еден момент немаше неизвесност, а прашањето за победникот беше познато уште многу рано во натпреварот.